fbpx

Заев: За нас ЕУ нема алтернатива, ние сме во срцето на континентот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Европа е нашето семејство и очекувано е семејството да ја прифати Северна Македонија која е во срцето на континентот, нагласи премиерот Зоран Заев на лидерскиот панел на Бледскиот стратегиски форум посветен на проширувањето на Унијата. Тој потсети дека државата ги има спроведено сите реформи предвидени во пристапната фаза за членство во ЕУ, како и сите критериуми утврдени согласни процедурите за проширување на Брисел.

„За нас ЕУ нема алтернатива. Ситуацијата на Северна Македонија е како кога некој сака да биде прифатен од некое семејство на кое отсекогаш му припаѓа, а Европа е нашето единствено семејство. Ние ќе продолжиме понатаму да ја оствариме нашата определба да станеме следна членка на ЕУ за која што нема алтернатива“, потенцираше премиерот Заев.

Тој потсети дека земјата е веќе 16,5 години земја кандидат и земја која го потпиша Договорот за стабилизација и асоцијација во 2001 година веднаш после Словенија, а пред Република Хрватска.

„Имаме одлични односи со соседите и ги надминавме отворените прашања со што ни се отворија вратите за да бидеме 30-та членка на НАТО. Имаме функционално мултиетничко општество кое ги доби сите признанија и се препознава како модел и пример за другите, и се надевам дека конечно ќе ги започнеме преговорите по поглавјата за членство во ЕУ“, заклучи Заев.

Последни вести