fbpx

Од јануари ново зголемување на пензиите, просечната плата оди кон 500 евра, минималната кон 300

Facebook
Twitter
LinkedIn

Една од предизборните трибини претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ја искористи да објави дека од јануари ќе има ново зголемување на пензиите. Покачувањето следува солгасно животните трошоци, но и пропорционално со зголемување на платите во државата.

„Ја покачивме минималната плата од 9000 на 15000 денари и денеска имаме просечна плата од 28 764 денари, за 6300 денари повеќе, односно сите плати се покачени за најмалку 100 евра. Ќе се промени комплетно методологијата на пресметките на пензиите, секаде во Европа е вграден и втор механизам, а тоа е порастот на просечните плати, кај нас платите растат за 10 посто повеќе, Од 1 јануари ќе растат согласно цените на мало и согласно порастот на просечните плати, така што пензионерите кои се заслужни за ова богатство од земја ги помагаат и децата и внуците и овие пари ќе бидат благодет за нив“, – рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, на митингот „Најдоброто за нашата општина“ во Делчево.

Со постојаното покачување на платите очекувано е за краток период, минималната плата да изнесува 18 000 денари, додека просечната да стигне до 30 000 денари.

Последни вести