fbpx

Граѓаните направија разлика, проектите на СДСМ се остварливи и значително го подобруваат животот

Facebook
Twitter
LinkedIn

На секојдневните граѓански трибини на СДСМ, на кои се промовираат кандидатите за градоначалници и советници, граѓаните имаат можност да се запознаат со новите проекти преку кои недвосмислено се подобрува и се олеснува нивниот живот. СДСМ влезе во кампањата со целосно реализирани над седум илјади проекти на локално ниво. Во голем дел од нив Владата е партнер на општините и затоа граѓаните знаат дека само со координирани активности и меѓусебно надоврзување е можен локален развој.

Во програмата на СДСМ за претстојните локални избори се издвојуваат инфраструктурните и еколошките проекти. Речиси и да не постои општина во која нема да продолжи градежната офанзива која беше карактеристична и за претходниот мандат од четири години. Најавени се нови патишта, мостови, водоводни мрежи, канализации… сето она што на граѓаните им е неопходно за олеснување на секојдневното функционирање.

Во фокусот на градоначалниците и советниците се и еколошките проекти за подобрување и заштита на животната средина. Затоа во план се голем број инвестиции во обновливи извори на енергија, во создавање нови зелени површини. Сето ова е реално ако се земе предвид дека и до сега локалните власти под водство на СДСМ покажаа грижа за граѓаните.

Последни вести