Довербата во владејачката СДСМ останува највисока меѓу граѓаните покажа и последната анкета на Стратум РиД спроведена во последната недела од септември и првата недела од октомври. Според оваа анкета дури 26,1 отсто од граѓаните кои ќе излезат на изборите својот глас ќе го дадат на СДСМ.
Оваа последна анкета повторно ја потврдува предноста на СДСМ пред најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, која според анкетата ќе освои 23,8 отсто од гласовите. Доколку се анализираат процентите на граѓаните кои одговориле дека ќе гласаат, по СДСМ и ВМРО следува ДУИ со рејтинг од 11,64 отсто, пред Алијанса за Албанците со 11,49 отсто.
Граѓаните во анкетата исто така се пооптимисти и сметаат дека нивната финансиска состојба во последните шест месеци е подобрена, но и поголем процент сметаат дека таа ќе се подобрува во наредните 12 месеци.
Агенцијата СТРАТУМ РИД (R&D- Истражување и развој) постои од 2015 година и има големо искуство во спроведување на различни видови истражувања, квалитативни и квантитативни, како и социо – економски истражувања. Агенцијата со својот тим има спроведено огромен број социо – економски истражувачки проекти, пред се за меѓународни донаторски организации, но и за домашни. STRATUM R&D доби голем број престижни признанија ширум светот.