fbpx

Вредностите и идеалите од Илинден се темел на нашата државност, честит Ден на републиката

Facebook
Twitter
LinkedIn

Обраќање на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски

Почитувани граѓани,

Денеска на 2 Август – Денот на Републиката, оддаваме почит кон нашето славно и херојско минато.

Оддаваме почит кон нашите славни предци од Илинденското востание и од заседанието на АСНОМ, кои ги поставија темелите на современата, независна и суверена македонска држава, признаена од целиот свет.

Денес живееме во таква држава, како Македонци кои говорат македонски јазик, со македонски јазик, потврдени и признаени од целиот свет.

Живееме во држава втемелена на вредностите и идеите од Крушевскиот манифест и Манифестот на АСНОМ – безвременските историски документи кои денес се наша реалност.

Како одговорни граѓани продолжуваме да се водиме од ликот и делата на илинденците и учесниците во Народно-ослободителната борба и со чест и обврска ги реализираме нивните идеали.

Заедно со вас, почитувани граѓани, продолжуваме да ја градиме Северна Македонија како слободна, демократска и заедничка држава, земја пријател на регионот и светот.

Нека ни е честит и вековит 2 Август – Денот на Републиката!

Последни вести