Соопштение за јавност
Говорот на омраза и насилството врз жените во политиката во Собранието како храм на демократијата никако да престане, никако да се одлепиме од дното. Вчера се случи, не беше тоа говор на омраза туку беше обид за физичка пресметка со колешката Жалкина Лазаревска,рече пратеничката на СДСМ, Санела Шкријељ во реплика од собраниската говрница говорејќи за вербалниот и обид за физички напад на пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
– За жал овие сали се изнаслушале и слушаат најодвратни коментари полни со сексизам и шовинизам. Вчера се случи еден таков испад, кој сакам да остане запишан во стенограмите на собранието затоа што не беше говор на омраза туку беше обид за физичка пресметка со колешката Жалкина Лазаревска, не само вербален атак, туку обид за физичка пресметка со жена пратеничка се случи вчера во ова Собрание, нагласи Шкријељ.
Пратеничката Санела Шкријељ истакна и дека колегата што го направи тоа не најде доблест и храброст јавно да се извини од говорницата, не за лична сатисфакција, туку да ја испрати пораката дека насилството врз жените е неприфатливо.