Одговор на новинарско прашање,
Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Скопје, 20.06.2019
Медиуми: Лидерот на опозициската партија обвинува дека власта потфрлила во реализација на приходите во првите три месеци, тоа според него значи намалена економска активност и според тоа очекува лоши резултати, односно лош тренд за БДП во вториот квартал?
Морам да изразам искрено жалење за впечатокот на Христијан Мицкоски, веројатно тоа се случува само во неговата глава и во главите на највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, показателите се сосема позитивни и ако навистина сакаме да дознаеме што значи успешност во економски политики тоа најдобро можеме да го видиме и најдобро се одразува преку намалувањето или зголемувањето во конкретниот случај во БДП. Знаеме дека во првиот квартал имаме раст на БДП од 4,1%. Ако земеме во споредба во каква состојба ја наследивме државата имавме БДП којшто беше во минус близу 2% по владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, сега оствариме раст од плус 4,1%. Сето тоа паралелно водено со зголемување на минималната плата со мерките кои еве и денес ги промовираме како повратот на 15% од платениот ДДВ 15% директно кај граѓаните, сето тоа влијае за подобрување и за раздвижување на економијата.
Како што кажавме, ова се само дел од мерките со коишто обезбедуваме подобар стандард кај граѓаните. Нормално, навестуваме и ни следуваат уште многу мерки и уште многу посветено и домаќинско работење во интерес на граѓаните и државата. Не можеме да заборавиме дека ВМРО-ДПМНЕ со нивното деструктивно 11 годишно владеење ги остави граѓаните до 2021 година по основ на долгови на камати, да мораат да вратат близу милијарда евра, близу 1 милијарда евра потрошени на споменици, жални врби на вардар. Сето тоа мораше да се превенира, мораше да се стабилизира тоа и го направивме и ете ги очекуваните резултати.
Подобрување на односите со соседните држави со Бугарија, со Република Грција надминувањето на спорот сето тоа имаше позитивно влијание во однос на економијата и во однос на индустриското производство. Секако и зголемувањето на процентот на извоз во државата, позитивно влијае во економијата, во таа насока нормално дека не се согласувам со ставовите на Христијан Мицкоски дека во Република Северна Македонија економијата не е на добар пат. Напротив, економијата е стабилна, имаме раст на економијата имаме раст на стандардот кај граѓаните и сето тоа не мотивира и не охрабрува да продолжиме по пат, по којшто сме тргнале.