Соопштение за јавност
Најголемото понижување на државата и исклучителна опасност за Република Македонија, за сигурноста и безбедноста на сите нејзини граѓани беше режимот на Никола Груевски, претходникот на Христијан Мицкоски.
Таа опасност е отстранета со решителна акција на граѓаните и прогресивните, демократски сили кои го поразија режимот со пенкало.
Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и беззаконието кое што ја загрозуваше иднината на државата заврши, иднината е обезбедена.
Денес Македонија е слободна, демократска, напредна, сигурна и стабилна држава која чекори напред кон ЕУ и НАТО.
Владата предводена од СДСМ презема одлучни чекори за разрешување на напластените прблеми што ги остави ВМРО-ДПМНЕ, во секој можен сегмент на опшеството и животот на граѓаните.
Ресоцијализација на поединци и интеграција во едно општство кое нема да ги дели граѓаните туку ќе обезбедува фер шанса за сите е концепт во којшто СДСМ цврсто верува.
Таквиот пристап овозможува оние кои порано се гледаа низ нишан, како Џезаир Шаќири и Љубе Бошкоски, денес да се интегрирани во едно општество и да работат за интересите на државата.
Тоа што е дадена шанса, преку законски ангажман, некој да работи и да даде придонес за граѓаните и државата, е токму во таа насока.
Скопје, 08.05.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА