fbpx

Трајановски уништи десетици паркови за да ги задоволи криминалните апетити на Никола Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Васко Лазаревски, кандидат за член на Советот на Град Скопје од СДСМ и коалицијата
Скопје, 02.10.2017

Почитувани граѓани,

На ова место зад мене постоеше парк, постоеше стар чинар кои што требаше со стотици години да дава сенка за Скопје. Парк што ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски и Никола Груевски на разбојнички начин им го украдоа на граѓаните. ДУП-от за оваа парцела се носеше во 3 часот наутро. Дрвата се сечеа во зори, кога граѓаните со жив штит се обидоа да ги спасат и беа уапсени и третирани како криминалци од странана 400 стотини полицајци испратени од Коце Трајановски и Никола Груевски.

Зеленилото во Скопје, по кое градот беше препознатлив во разгледниците, Трајановски го масакрираше за задоволување на мегаломанските апетити на неговиот шеф, Груевски за потребите на најкриминалниот проект што го имала Македонија, „Скопје 2014“.

Покрај овој култен зелен простор, под налетот на криминалните апетити на Трајановски и Груевски настрадаа уште дузина паркови како Паркот пред Домот на АРМ, паркот Жена Борец, паркот пред КИЦ (катна гаража) Паркот зад Собранието на РМ (катна гаража) двете зелени парцели околу плоштадот Македонија, паркот зад главната пошта, зелените парцели околу МОБ и многу други.

Коце Трајановски и Никола Груевски мора да сносат одговорност што поради лични интереси ги украдоа јавните простори и што со масакрирањето на зеленилото придонесоа Скопје да стане најзагаден град во Европа

Почитувани,

Како идна советничка група во Советот на Град Скопје се обврзуваме да го унапредиме зеленилото и да ги заштитиме постојните зелени простори. Ќе инвестираме во нови зелени површини, зелени кровови и вертикални зеленила. Нема да дозволиме ниту еден квадрат јавен простор да биде жртвуван заради нечии криминални и бизнис интереси.

Затоа, на 15 октомври сите заедно да се избориме за промени и за нова одговорна градска администрација која ќе донесе повеќе зеленило, нови јавни простори и живот за сите во Скопје.

Последни вести