fbpx

Шилегов: Градиме по план, Ѓорче Петров и Волково ги поврзуваме со Карпош преку „Илинденска“

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми,
Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Град Скопје
Скопје, 28.09.2017

 

Денеска сме во посета на општината Ѓорче Петров, заедно со кандидатот за градоначалник, советниците, разговараме со граѓаните ја нудиме нашата програма за живот во Скопје, за живот во Ѓорче Петров. Разговараме со луѓето по пазари, мостови, улици. Зборуваме за нивните проблеми, претставуваме како тие проблеми може да се надминат.

Оваа кампања не е иста како било која друга кампања. Оваа кампања е за новите политики на градоначалницте во Скопје. Политики за Живот во Скопје. Политики во којшто ќе градиме инфаструктура достапна за сите. Политики со коишто ќе ги вратиме парите кај граѓаните, нудиме можности за сите. Политики со коишто носиме чиста околина затоа што нудиме здравје за сите. Политики во коишто ќе отвориме еден нов, поинаков, услужлив град, град за потребите на граѓаните.

Во овој дел од Скопје предвидуваме многу важни инфраструктурни решенија. Овдека кај Лепенец ќе ја споиме Илинденска со Ѓорче Петров и Волково. Ќе продолжиме и ќе ги споиме Љубљанска и булеварот Словенечка, за превозот во Скопје, да има логика. Ќе ја ревитализираме железничката станица затоа што железницата ќе ја вклучиме во јавниот превоз во Скопје. На влезовите во Ѓорче Петров и Волково ќе изградиме кружни текови со цел да го успориме сообраќајот затоа што од брзиот сообраќај зависат животите на нашите граѓани.

Почитувани скопјани, стојам пред вас и го барам вашиот глас јас сум човек којшто влезе во политиката во едни немирни времиња и даде свој придонес онолку колку што можев да го срушиме овој режим. Треба да го зададеме конечниот удар на изборите на 15-ти октомври.

Ве повикувам на 15-ти октомври да излезете сите масовно на гласачките места и да започне нова политика за Скопје. Скопје за Живот за сите.

 

 

 

Последни вести