Дел од обраќање,
Оливер Спасовски, Носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2
Куманово, Митинг, 08.12.2016
Ние денес имаме криминогена и бандистка власт која што само краде од граѓаните. Официјалните податоци говорат дека пет милијарди евра во последните девет години се украдени и изнесени надвор од Република Македонија. Тоа отприлика е околу 600 милиони евра на годишно ниво. Тоа се огромни пари кои можеле да се употребат за решавање на скоро сите проблеми кои ги тиштата граѓаните.
И во тој дел, најавуваме враќање на правда за сите во Република Македонија. Затоа што денеска нема правда. Денес македонското судство не суди по закон, туку суди по политички нарачки, онака како што ќе кажат Груевски, Мијалков и Ахмети. Обичните граѓани немаат никаква правна сигурност и затоа мора да има генерален реизбор на сите судии во Македонија. Тие коии суделе по закон, ќе продолжат да работат и понатаму. Сите оние кои биле од тегтерчето на Горде или таканаречени „Сваровски“ судии ќе мора да заминат дома. Меѓутоа, не само што ќше заминат, туку ќе одгвовараат за сите злодела кои им ги направиле за сите злодела на граѓаните. И затоа нема да има прочка.
Во Македонија имаше многу предмети и акции кои се покренаа за да покажат дека наводно се борат против криминалот и корупцијата. Додека ги апсеа луѓето во нивните домови со калашњикови и со маски, тие крадеа од државата. И преку Сител и Канал 5 продаваа некаква си борба против криминалот. Денес, после седум-осум години од владеењето на Груевски, дел од овие лица се ослободени од судот или пак им дава условни пресуди, само колку да се оправда дека не била залудно затворани. Најавувам преиспитување на сите овие случаи во македонското судство и секој еден кој бил суден неправедно и врз основа на некаква политичка проценка ќе мора да биде рехабилитиран. Да му се симне таа црна дамка не него и на неговото семејство. Затоа што страдањата и макдите во овиее неколку години никој не може да му ги надомести, меѓутоа обврска на државата е да ги рехабилитира овие луѓе.
Затоа мора да направиме се за да ја вратиме правдата за сите.