fbpx

Конфискација ќе има за Груевски, за граѓаните живот!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Дел од обраќање,
Љупчо Николовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 3
Крива Паланка, Митинг, 06.12.2016

Никола Груевски почна да измислува приказни за федерализации, кантонизации! Нема да има, нема да има кантонизација! Ќе има, ќе има конфискација на криминално стекнатиот имот на Никола Груевски, на фамилијата, на локалните криминалци, на локалните шерифи без оглед кој и да е!

Е со таа конфискација ќе го заплениме криминално стекнатиот имот и ќе го вратиме на граѓаните!

Веднаш ќе донесеме закон за запленување на криминално стекнатиот имот веднаш по првата правосилна пресуда.

Како што лажеше Никола Груевски за странски служби, за жолти комбиња, лаже Груевски и за овие глупости од федерализации што ги има само во неговата глава!
Овие лаги и сценарија и глупости излегоа на површина со изјавата на носителот на листа од неговиот коалиционен партнер од ДУИ кој јавно кажа дека албанскиот јазик се спроведувал во сите државни институции па дури и дека УЧК ја водела Владата и Собранието на Р. Македонија! Тоа го кажа носител на листа од коалициониот партнер на Никола Груевски!

Затоа Никола, слушни добро! Твоите лаги завршуваат за 5 дена! Вистината од којашто бегаш ќе те стигне! Конфискација ќе има за тебе, за граѓаните ќе има ЖИВОТ! Живот во Македонија! Ете тоа ќе има! Живот со повисоки плати, живот со нови добро платени работни места, живот со квалитетен животен стандард за сите!

 

 

Последни вести