Дел од обраќање,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Куманово, Митинг, 06.12.2016
Барам поддршка да му покажеме на светот дека оваа земја може да оди рамо до рамо со целиот развиен западен свет, затоа што можеме да работиме достоинствено и достоинствено да сработиме, се работи за нашата Македонија.
Ветувам овде пред Куманово просечна плата од 30.000 денари, поврат на ДДВ од 15%, ветувам горди работници со работнички права, со силни синдикати, ветувам достоинствени пензионери коишто никогаш повеќе никој нема да ги лаже. Ветувам поддршка на лицата со попреченост, на самохраните мајки. Ветувам поддршка на социјално загрозените и угнетените. Ветувам поддршка на враќање на парите назад кон граѓаните.
До сите тие коишто сеуште се неопределени, до сите тие што молчат, а слушнале, а виделе, а разбрале, а разбраа сите во Македонија.
До јавната администрација која што зема плата од државата, платата не ја дава Груевски од мајка му Нада, платата ја дава од граѓаните што плаќаат даноци.
Тие што чекаат субвенции, социјална помош, што имаат дуќанче и се плашат од казни, имаат погонче и се плашат од инспекции, сакам да ги повикам јавно. Тие не се само државна администрација, приматели на субвенции, социјална помош, или незнам мали бизнисмени. Тие се и чеда на оваа земја, тие се и нечии родители, тие се и нечии браќа и сестри, тие имаат исто обврска како нас да се борат за нашата земја, за нивната земја, за нашата заедничка Македонија.
Излезете и придружете се на овие плоштади, рамо до рамо да се избориме за слобода, за демократија, за правда, за живот во нашата Македонија.
Се бориме за демократски, фер, кредибилни и регуларни избори. Знаат дека губат, можно е да се обидат со заплашување, уценување, закани, или потплатување на гласачите. Не се борев две години џабе, нашиот народ има да има, слободно, најслободно гласање досега. Мора да има слободно изразена волја.
Секој кој се заканува, што го уплашува, што го уценува, што го поткупува народот заради глас одговара по закон од 3 до 5 години затвор.
Затоа јавно им порачувам, да не им падне на памет, да ми го плашат народот, да ми го
поткупуваат народот, да му се закануваат на нашиот народ, оти како што вика Ѓорге Иванов по 11-ти доаѓа 12-ти, а на 12-ти Груевски нема да е повеќе премиер. Заев ќе е премиер!
Ќе се одговара со затворски казни!