Дел од обраќање,
З.Заев, претседател на СДСМ
Гевгелија, митинг, 02.12.2016
Почитувани гевгеличани,
Навистина сме на крајот на ова беснило од владеење сиве овие десет години.
Гевгелија е паталец како остатокот од нашата Македонија.
Гевгелија е испразнета како и остатокот од нашата Македонија.
Гевгелија заборави да се смее како и остатокот од нашата Македонија.
Сакам од овде од Гевгелија, од југот на нашата убава Македонија да му испратам уште една покана за дуел за дебата.
Прифати Никола како економист со економист, да разговараме за економија, да разговараме за младите, да разговараме за образование и за здравство, да разговараме за тоа што го интересира нашиот народ.
Зошто бегаш од што се криеш? Зошто?! Срам ти е, се плашиш? Па кажи оти се плашиш, барем да тераме кампања и да престанеме да те викаме.
Прифати дуел оти тоа им го должиш на граѓаните кои те издржаа десет години!
Вечерва ќе најавам дел од планот за живот во Македонија.
Овај план за живот во Македонија го создаваме од почетокот на Март 2015 година, заедно јас, ние и вие.
Сите заедно по плоштадите, од трибини, по дебати го создадовме.
Ова е се создадено на основа на анализа и на потреби на граѓаните за решавање на нивните проблеми. Овај документ е идниот буквар, по кој што ќе работи новата Влада. Ова ќе биде новата владина програма којашто ќе го врати животот во Македонија!
Сакам вечерва во Гевгелија да позборувам малку за здравството, за образованието и за земјоделството.
Образованието ни го запустија. Јас реков и ќе повторам, се е од главата на Груевски! Миле ми текна! И Кембриџ и екстерно тестирање и сите глупости кој што ги имаме денеска. Се е од негова глава!
Затоа сакам да знаат и децата, но и родителите, но и наставниците: Ќе го реорганизираме нашето образование! Не може деца од трето и четврто одделение да имаат по седум часа. Децата до четврто и до осмо одделение ќе учат тоа што ќе им треба во животот. Тоа што ќе им се најде во животот, а не баук.
Престанаа да бидат деца.
По цели денови учат. По цели денови штрепат од некое тестирање, од некое екстерно или разни глупости.
Професорите ќе ги ослободиме од сите административни постапки. Пишат по цели денови распределение, а треба да пренесат знаење. Тие се вторите родители на нашите деца.
Ви ветувам и на децата но и на родителите и на наставниците: На прва седница на Влада која што ќе ја водам јас ќе го укинеме екстерното тестирање!
Но барам поддршка вечерва од Гевгелија и сите околни населени места.
Барам поддршка за стабилна влада. Ние не бараме 63 пратеници. Ние бараме поддршка да помогнеме на милион и петстотини илјади наши луѓе, наш народ и неколку стотини илјади што заминаа надвор од државата.
Ние бараме стабилна Влада да донесеме реформи, да носиме одлуки! Да носиме одлуки кои што ќе значат живот, живот за сите во Македонија! Заедно заради тоа што заслужувате!
Го имаме најработливиот народ. Го имаме одличното географско поднебје.
Сонце дал Господ и сончеви денови. Имаме плодно земјиште. Имаме одлична географска поставеност. Наши минерални суровини и рудни богатства. Може во Македонија да се живее посреќен живот. Може и тврдам, барам поддршка, барам глас за да покажеме дека може Македонија да биде земја за почит! Земја со која што сите ќе се гордееме!
Има да има слобода! И на гласачките кутии и после гласачките кутии. Оти доаѓа слобода во Македонија. Оти доаѓа живот во Македонија!
Ве повикувам да гласаме за бројот 4! Да ја зграпчиме детелината со четири листа. Оти секој од вас заслужува среќа, секој од вас. Да гласаме за бројот 4, за живот во Македонија! Да живее Македонија и целиот нејзин народ!
За Македонија!