Дел од обраќање,
Оливер Спасовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2
Хиподром, 29.11.2016
Сакам да ви кажам дека државата должи и е најголем должник воопшто, но не нзаеме колку. Зборувам од аспект на министер, кога гледате од надвор и тоа што ќе го затечете внатре, како граѓани не знаеме ниту пет отсто од она што навистина се случува. Ние преземавме обврска, во првите 100 дена од формирањето на новата влада, сите обрвски на државата да ги систематизираме и да објавиме план, како да ги исплатиме парите кај граѓаните. Односно и кај фирмите и кај граѓаните.
Сега во Гази Баба, во Стајковци, ништо не е исплатено. Велат, им исплаќаме 100 проценти од штетите, ама тие100 проценти значат ако е штетата 10 000 евра, тие ја процениле на 1000 евра и исплаќаат 1000 евра и велат дека исплатиле 100 отсто а останатите 9000 евра ги нема никаде. Така што, тоа е мојот одговор, ќе направиме проценка и врз основа на таа проценка што ќе ја направиме во првите 100 дена ќе објавиме план како ќе ги исплаќаме долговите и спрема граѓаните и спрема фирмите.