Дел од обраќање,
З.Заев, претседател на СДСМ,
Кочани, митинг, 26.11.2016
Почитувани граѓани,
Дали го гледате Никола Груевски колку е издишан? Го гледате? Не само што не знае што можел да направи за граѓаните – тој не знае ни што треба да направи. И оп КОПИ – ПЕЈСТ.
Почна да го копира нашиот План. Почна да копира идеи – цели билборди, бини за митинзи. За рекламен спот нема идеја.
Ај што краде пари, краде идеи, краде човекот и спотови.
Овој ли човек може да ја води Македонија уште 4 години?
Па во пропаст не носи сите.
10 години имаше – економијата е катастрофа, животот ни е загрозен, егзистенцијата ни е загрозена, на работ на провалијата стоиме – таа на која го качил глумецот од украдениот рекламен спот за да ве убедува колку е тој за Македонија.