fbpx

Спасовски: Нашето заедништво ќе го порази Груевски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Дел од обраќање,
Оливер Спасовски, носител на кандидатската листа на СДСМ и кооалицијата во ИЕ 2
Конвенција –Куманово, 24.11.2016

Помина времето на Никола Груевски и неговите послушници. Помина времето и на Никола Тодоров. Помина времето на неодговорно и своеволно владеење. После 10 години коруптивно владеење тие немаат право ништо повеќе да ветуваат. Се што остана од нивното владеење се пусти градови и села и преполни приватни сметки на рајските острови.

Буквално ги искрадоа буџетите и ги наполнија приватните сметки. Ги крчмеа парите на граѓаните како да се нивна своина. Колку побогата стануваше фамилијата на власт, толку посиромашни беа граѓаните.

И кога граѓаните го видоа нивното вистинско лице почнаа да зборуваат за наводни федерализации и двојазичност. Нешто што постои само во нивните пропагандни штабови. Мислеа дека со такви конструкции ќе го поразат ова заедништво кое од ден на ден станува се посилно. Мислеа дека ќе ја задушат нашата заедничка желба и визија за градење на подобра Македонија.

На ваквите конструкции добија конкретен и директен одговор, а тоа се луѓето кои масовно ни се приклучуваат и тука во Куманово, и во Гази Баба и во Чучер Сандево и во Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, Липково, Арачиново, Шуто Оризари и Старо Нагоричане.

 

 

 

Последни вести