fbpx

Спасовски: Ќе одговараат за се што направиле, нема пазарење со никого

Facebook
Twitter
LinkedIn

Дел од обраќање
Оливер Спасовски, носител на кандидатска листа во ИЕ2
Куманово, 22.11.2016

Денеска, сите граѓани на Република Македонија се чусвтвуваат обесправени. Денеска, правда има само за они кои што се блиски до фамилијата. Денеска, за сите криминалци тргнувајќи од врвните криминалци од ВМРО-ДМНЕ, правдата е недостижна, затоа што за нив судат судии од тефтерчето на Горде. Затоа, и денеска и деновиве низ Македонија секој граѓанин упатува порака дека правдата во Република Македонија мора да се врати. Планот за живот во Македонија предвидува независно судство и затоа најавувам генерален реизбор на сите судии кои соучествуваат во криминалот во Македонија. Упатувам јавна порака до сите, од Груевски, Мијалков, Тодоров и до секој еден кој се огрешил пред законот, што направил штета врз македонските граѓани, што зел дел од нивните животи, дека ќе се соочат со правда, дека ќе одговараат за тоа што го направиле и дека ќе ги вратат сите пари назад кај граѓаните. И за тоа нема пазарење со никого. За тоа нема прочка за никого, Македонија мора да стане правна држава. Мора да има правда за сите

 

 

 

 

 

Последни вести