fbpx

Заев од скопски Аеродром: Ништо веќе не зависи од Груевски, ќе има повисока минимална плата!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Дел од обраќање,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Митинг, Aeродром, 22.11.2016

 

Дали ќе дозволите и понатаму вие млеко да не можете да донесете дома за децата, а братучедите Груевски и Мијалков и понатаму да изнесуваат нови милијарди евра на нивни сметки во странство?

Над 5 милијарди евра ваши пари оваа власт на чело со Груевски зема од вас, од вас граѓаните, а сега предизборно токму вам овој човек ви ветува дека ќе ви даде минимална плата од 14.000 денари, до 2020 година!

Ги прашувам сите граѓани на Македонија, ги прашувам сите што си ја сакаат татковината: Ќе му дадете ли нови 4 години на Груевски кој ви одзеде досега 10 години живот? Уште 4 години режим се трпи ли?

Ќе му верувате ли дека ќе постапи праведно кога тој им ја нанесе историската неправда на граѓаните на Македонија – го осиромаши до гола коска нашиот народот!

И замислете, па дури избира на кого колкава минимална плата ќе даде?! Пак ги дели луѓето. Пак за вработените во текстилната и кожарската индустрија помалку пари!
Тоа што го ветува Никола Груевски не е мерка. Тоа е чиста лага.

Тоа не е мерка, ниту План. Тој покажа изминатите 10 години дека него го интересира само неговиот план. Патчиња и потпорни ѕидини за милионските имоти на Водно го интересираат и ништо друго, а не пак излез и поддршка за вас граѓаните.

Почитувани,

Ние ќе покачиме минималната плата на 16.000 денари до крајот на мандатот и тоа ќе важи за сите вработени, во сите индустрии, во сите фирми, во сите претпријатија во Македонија и ќе ја отвориме спиралата на покачување на сите плати.

Овој План гарантира одговорна, праведна и правична власт. Но тоа е само една од 5-те клучни работи што ќе ги направиме.

За сите, за сите, просечна плата ќе биде до 30.000 денари. Во семејство со двајца вработени, тоа се 1.000 евра. Е тоа е правично општество. Е тоа е општество кое гарантира надеж.

Трето – домашните фирми финансиски ќе ги поддржиме со 140 милиони евра, наместо да добиваат по 2 евра годишно државна помош. Така ќе се отворат нови работни места, наместо како сега да се бришат невработени за намалување на невработеноста. Ќе се пуштиме по секој млад човек по завршување на образованието, на му понудиме работа, дообразование, или тренинг практичен за да може да се вгради на пазарот на трудот и да ни остане овде, да остане во Македонија.

Почитувани пријатели,

Завршува времето на оваа лоповската власт завршува, завршува! Не само што ќе одговараат туку и сите украдени пари ќе ги вратат од сите криминали и корупциски проекти што ги направија, ќе ги вратат парите, до денар!

Четврто што ќе направиме – сите пари во државата ќе ги насочиме кон граѓаните. На секој од вас му вратиме по 15 проценти од вкупниот на ДДВ. Сите плаќаме данок на додадена вредност. Ако потрошиме 10.000 денари, на сметките имаме 1.800 денари ДДВ. 15 проценти од тоа ДДВ го враќаме до сите. Тоа се дополнително, просечно, по 30.000 денари по семејство во Македонија.

И петто. Институциите ќе работат за граѓаните, а не за власта. Нема како сега пациенти да умираат дома и по болнички ходници, да молат да бидат згрижени, додека за претставниците на оваа власт се достапни луксузните услови во приватните клиники. Јас се обврзувам лично, ова ќе биде правично општество. Болничките услуги ќе бидат достапни за сите. Ќе има бесплатно болничко лекување за сите, никој да не се грижи дали ќе има пари да плати за да добие здравје или не.

Секој е важен. Вклучете се во оваа борба. Ова е битка за животот на секој од вас. За живот во Македонија, за живот на сите нас! На 11 декември заокружете го бројот 4 за да има живот во Македонија.

 

 

 

 

Последни вести