fbpx

(Видео) Граѓански порака: Сакам моите деца да живеат во Македонија, затоа ќе гласам за живот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Сакам моите деца да живеат во Македонија, затоа ќе гласам за живот

Драги сограѓани,

Јас сум Сузана Трајковска, и денеска сум тука да ви кажам зошто јас на 11-ти декември ќе гласам за живот во Македонија.

Јас и моето семејство живеевме добро до 2008-ма година. Затоа решивме да отвориме сопствена фирма за печатење. Нашата бизнис идеја беше поздравена тука во Прилеп и ни беше ветена парична награда, што ќе го дополни нашиот влог за основање на фирмата. Почнавме со голем ентузијазам, дадовме сè од себе, вложивме сè што имавме.

Но парите од наградата не ги добивме. Наместо неповратни средства во форма на награда, добивме кредит. Ние веќе ги дадовме сите пари за печатницата. А дојде и кредит што мора да се исплаќа. Си рековме добро, ќе работиме, ќе заработуваме. Знаете ли што се случи? Почнаа да нè одбиваат од сите тендери и проекти што ни беа ветени!

Почнавме да тонеме во долгови. Бизнисот пропадна, животот ни се уништи.

Сега живееме во сиромаштија, семејството ми страда. Имаме еден куп неплатени сметки и постојано извршители на врата. Дома живееме во студ на минус 20, во жештини на плус 40, во куќата не можеме да инвестираме бидејки основната егзистенција ни е загрозена.

Ова е борба за гол живот! И доста беше! Сакам да живееме нормално! Сакам моите деца да останат да живеат во Македонија!

Тука дојдов не за да се жалам, туку за да ви кажам зошто ние на 11 декември ќе гласаме за промени. За нас 11 декември е шанса за нов достоиствен живот. Знам дека не сме само ние, знам дека многумина имаат сличен живот како нас.

Јас на 11 декември ќе заокружам 4! Ве повикувам сите да го направиме тоа. За живот во Македонија!

 

 

Последни вести