Соопштение за јавност
Напразно се мачи да лаже Никола Груевски, а ги вовлекува во одговорност и институциите да лажат, како што тоа го прави со Државниот завод за статистика.
Ниту се намалува сиромаштијата во Македонија, ниту невработеноста се намалува.
Се намалува само бројот на луѓе во државава!
626.312 илјади луѓе според Светска банка заминале од Македонија.
Во Македонија живеат 500.000 сиромашни граѓани. Најмалку 180.000 граѓани живеат со по 40 денари на ден!
Обвинетиот Никола Груевски со право е уплашен од над еден милион граѓани на кои тој и неговата власт им го уништија животот. Се ближат избори и на нив граѓаните ќе одлучуваат, доста тој одлучуваше за нив.
На 11 декември граѓаните ќе си го вратат животот во Македонија.
Ќе има ревизија и одговорност за сите лични и институционални злоупотреби на штета на граѓаните на Република Македонија.
Скопје, 30.10.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА