fbpx

(Видео) Дескоска: Овој закон е шминка, игнорантскиот однос на институциите кон народниот правобранител ќе продолжи

Facebook
Twitter
LinkedIn

Како и сите реформи што ги прави коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и оваа наводна реформа, во најголем дел од одредбите е обична шминка. Шминка која што ќе падне уште првиот пат кога народниот правобранител ќе се соочи со игнорантскиот однос на институциите и пак ќе се открие големата лага на власта, која што сака да се прикаже дека нешто прави и само тоа да го штиклира во завршените задачи. Но, во суштина да не подобри ништо за граѓаните, рече пратеничката Рената Дескоска, во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител, на 114 седница на Собранието на Република Македонија

Последни вести