Дел од обраќањето на пратеничката Јагода Шахпаска во Собранието на Р.Македонија, на седницата на која што на дневен ред се пратенички прашања
– Зошто не излезете пред граѓаните, осигурениците на Република Македонија и не им кажете дека треба повторно да си ја купат здравствената картичка? Зошто не им кажете дека треба да платат дополнителни 285 денари за истата? И да им кажете дека оваа здравствена картичка ќе има рок на траење од 5 години?
– Каде заглави последниот тендер за инсулинска терапија?