Дел од обраќањето на пратеникот Стефан Богоев во Собранието на Р.Македонија, на седницата на која што на дневен ред се пратенички прашања
– Прво, со име и презиме, кој ја издаде наредбата за тепање на студенти од страна на припадниците на ЕБР, Единица за брзо распоредување, на 30.06 оваа година, пред канцелариите на Студентскиот Парламент во Скопје, односно пред Студентскиот дом Кузман?
– И второ, колку пари од Буџетот, пари на граѓаните на Република Македонија беа потрошени за акцијата во која полицијата под ваша команда тепаше студенти на 30.06, во доцните ноќни часови, пред канцелариите на Студентскиот Парламент во Скопје? Очекувам директни и недовосмислени одговори.