Дел од обраќањето на пратеникот Томислав Тунтев во Собранието на Р.Македонија, на седницата на која што на дневен ред се пратенички прашања
– Дали власта на ВМРО-ДПМНЕ преку молчење, игнорантски однос и целосна неактивност на надлежните државни институции, всушност го потпомага превземањето на Макпетрол од страна на сомнителна странска оф-шор компанија, со крајна цел да ја замолчи, превземе или уништи фирмата Макпетрол и телевизијата Телма во предизборниот период?
– Дали сте информирани дека поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на УБК, неговиот братучед Сашо Мијалков направиле и организирале шема за напад врз Макпетрол, со цел да се превземе и уништи фирмата, а со тоа и Телма телевизија, при што се служат со незански методи за да се намали вредноста на акциите на фирмата, а со тоа ги информираат акционерите што се блиски до нив да се ослободат од акциите на време, односно да ги продадат?
– Третото прашање е за минстерот за земјоделство за слоупотребата на народните пари при порибувањето на Охридското езеро? За што се потрошени авансо платените 180 илјади евра народни пари? Што превзедовте во министерството вие со ваквите концесионери што не ги почитуваат договорите и дали корисникот кој е спомнат во ревизорскиот извештај, на овластениот државен ревизор за Агенцијата за финансија и поддршка во земјоделство на руралниот развој дали концесионерот се уште ја држи концесијата на Охридското езеро?