Првата несреќна одлука на Кирил Миноски како нов министер за финансии е токму незаконското издавање на еврообврзницата. Со вашето финансиско душманско однесување изминативе 10 години Македонија ја направивте финансиски зависник, рече пратеникот Бетијан Китев во однос на дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, на 111 седница на Собранието на Р.Македонија