Издавањето на еврообврзницата го следат многу контроверзии од аспект на тоа дали сте ја почитувале законската процедура за издавање на еврообврзницата. Ребалансот треба да биде повлечен, додека не се расчисти оваа ујдурма со ова незаконско работење, ова незаконско земање кредити надвор од процедура и јакнење на јавниот долг во Република Македонија, рече пратеникот Марјанчо Николов во однос на дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, на 111 седница на Собранието на Р.Македонија