Дали од УЈП пратиле во ВМРО-ДПМНЕ да проверат од каде им се 13, 15 милиони евра за да купуваат објекти низ цела Македонија и да градат такви згради? Од каде им се сите тие пари кои што им ги ветуваат на граѓаните, за да може оној кој што е најголем манипулатор во државата, да ја манипулира македонската јавност, рече пратеникот Стојко Пауновски во однос на дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, на 111 седница на Собранието на Р.Македонија