Бугарија искористила 98% од средствата од евро фондовите. Тоа е фрапантна бројка за тоа што ние го имаме искористено. За делот од 2007 година до 2013 година, имаме искористено само 8.9% од тие фондови. Ние сеуште и после 8 години, од почетокот на користењето на овие средства сеуште не знаеме како да ги доближиме и како да ги искористиме, рече пратеникот Панче Орцев во однос на Предлог на закон за ратификација на Секторската спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Европската комисија за воспоставување на одредби за управување и спроведување на финансиската помош на Унијата за Република Македонија според Инструментот за претпристапна помош во областа на политиките за “Земјоделство и рурален развој” (ИПАРД);