Со самиот персонален состав го кршите Деловникот на Собранието. Во членот 118 од Деловникот на Собранието, во ставот 6, јасно стои дека претседател на анкетната комисија по правило треба да биде од редот на опозицијата. Видете ја одлуката. Претседател колегата Илија Димовски, заменик претседател колегата Љупчо Димовски. Зошто го кршите Деловникот и со самата одлука за формирање на анкетна комисија?, праша пратеникот Марјанчо Николов во однос на предлогот на одлука за избор на претседател, потпретседател и членови на Анкетната комисија за скандалот со Фабриката за фалсификување на лични карти, пасоши, афери и други документи