Никој не знае да објасни по кој закон, по кој правилник, на кој начин овие 60 евра им беа наметнати како нова давачка на фирмите. Ако GPRS апаратот функционира, апаратот е исправен, крипто модулот е исправен, за што се овие 60 евра?, праша пратеникот Марјанчо Николов во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќањa на 80-тата седница на Собранието на Р.Македонија