-р Трајановски: Аеродром ќе биде функционална, транспарентна и услужна општина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром

Д-р Трајановски: Аеродром ќе биде функционална, транспарентна и услужна општина

Почитувани,

Мојата визија е Аеродром да стане функционална, транспарентна и услужна општина, вистински модел по мерка на граѓаните.

Општината мора да биде место каде што секој жител лесно и брзо ги добива потребните услуги, без непотребна бирократија, без чекање и без привилегирани.

Затоа предвидуваме целосна дигитализација на општинските услуги, јавен увид во трошењето на средствата, како и редовни отворени денови со градоначалникот и членовите на Советот, каде што граѓаните директно ќе ги искажат своите предлози и забелешки.

Мојата цел е да изградиме општина со нула толеранција кон корупцијата, општина што ќе биде ефикасна, отчетна и достапна за сите, од најмладите до највозрасните.

Само така ќе ја вратиме довербата во институциите и ќе покажеме дека општината навистина може да функционира во служба на граѓаните.