Филипче: Кризата со мигрантите во Македонија е како кризата со Литиумот во Србија!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предупреди дека политиките на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја водат Македонија по истата траекторија како Србија под водство на Вучиќ. Филипче посочи дека власта повторува идентични шеми, со скриени договори и манипулации, кои ја туркаат државата во длабока политичка и општествена криза. Како пример, Филипче го посочи случајот со Литиумот во Србија.

„Она што ова власт го прави е истото тоа што се случува во Србија, истите шеми на Вучиќ. И ќе дадам само еден пример. Најпрво таму се обврзаа дека ќе се работи проектот со Литиум, понатаму проектот го запреа и се распишаа избори. Но после изборите, повторно почна проектот со копањето на Литиумот, за да запре, откако почнаа студентските протести поради настрешницата“, рече Филиче.

Филипче истакна дека Македонија денес се соочува со иста таква политичка конструкција како во Србија.

„Дали сега ви е јасно дека Македонија се наоѓа во иста една таква криза? Кризата со мигрантите е истата криза како проектот за копање на Литиум во Србија. И ова е истото препишувачко школо на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Само го следат истото сценарио. Се е ова „copy-paste“. Најавивме веќе дека власта планира и подготвува избори следната година на пролет. Тоа значи дека мигрантите се веќе договорени, а за возрват треба да добијат пари“, нагласи пртседателот на СДСМ, Венко Филипче.