Филипче: Српското сценарио почна синоќа во Македонија со напад врз новинари

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција предупреди дека владата на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија веќе спроведува идентично сценарио како она кое со години функционира во Србија под водство на Вучиќ. Филипче нагласи дека моделот на насилство, корупција и институционален притисок од Србија е буквално пресликан и во Македонија.

„Денови наназад зборуваме за моделот кој е преземен од Србија. Моделот на Вучиќ што со години функционира таму, а речиси две години се применува кај нас тука во Македонија.Системот на корупција што во Србија функционира со децении, доведе до тоа во Нови Сад, токму поради корупцијата, 16 луѓе да го изгубат животот. Истото се случи кај нас 64 луѓе загинаа во Кочани“, рече Филипче.

На прес-конфренцијата, филипче потсети на почетоците на протестите во Србија, кога по првиот студентски марш на младите од Факултетот за драмски уметности, непознати лица, кои подоцна беа идентификувани како членови на владејачката СНС, ги нападнаа мирните демонстранти со стапови и палки.

„Веднаш потоа започнаа напади врз новинари, газење студенти со автомобили и физички пресметки со неистомисленици ширум земјата. Насилни апсења на мирни демонстранти, постојани притисоци од полицијата, контролирано обвинителство и разни криминални групи. После сето тоа Србија се крена.Протестите траат веќе една година. Студентите бараат избори шест месеци.Вучиќ не смее да ги распише затоа што ќе ги изгуби полугите на моќ, бидејќи знае дека ќе одговараат и тој и неговите партиски послушници“, рече Филипче.

Тој потсети дека Македонија ова сценарио го доживеа еднаш во времето на Груевски.

„Ова сценарио го гледавме кај нас пред 10 години за време на владеењето на Никола Груевски и Сашо Мијалков. За време на владеењето на ова исто ова ВМРО-ДПМНЕ кое денес ја крои судбината на Македонија. Груевски, кој од Будимпешта, управува со Македонија“, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.