Уставниот суд да ја укине неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар

Почитувани,

Кога Уставниот поредок и основните човекови права се загрозени, потребна е заедничка акција.

Денеска СДСМ поднесе иницијатива до Уставниот суд против неуставната Резолуција на ДПМНЕ-ЗНАМ усвоена во Собранието.

Конкретно, за повреда на дел 1 од Уставот, членот 16, кој ги гарантира: слободата на говорот, слободата на јавниот настап, слободата на уверувањето и јавното изразување.

И коj забранува цензура во секаква форма.

Неуставната Резолуција е директен напад на слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата во целост, преку цензура.

За која тема од исклучителен јавен интерес?

Граѓаните тоа многу добро го знаат, за еден договор со Британија за кој јавноста дозна од британските медиуми, поврзан и со заем од 6 милијарди евра.

Оваа тема никако не може да се третира како создавање паника и како закана за јавната стабилност.

Не може Резолуција во Собрание да биде против „наративот на опозицијата“ и да се заканува повикувајќи се на кривичен законик, прекршоци и кривични пријави заради искажан збор.

Затоа Уставниот суд, како главен заштитник на Уставот и уставниот поредок, на слободата на говор и правата гарантирани со уставот има обврска да ги заштити.

Уставниот суд мора да ја укине оваа неуставна Резолуцијa!

Кога се загрозува Уставот, се загрозува демократијата и поредокот на Македонија.

Кога се забранува дебата и се воведува цензура демократијата престанува да постои, се воведува диктатура, режим.

СДСМ отвори фронт за правда!

Нема да дозволиме гушење на демократијата и слободата на говор. Заедно со граѓаните ќе ја одбраниме демократијата, ќе ја одбраниме Македонија.