Филипче: Сиљановска ја избра најкорупмпираната власт која ја носи Македонија во изолација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче

Почитувани претставници на медиумите, благодарам за присуството.

Го слушавме денес целата прaтeничка група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Коалицијата, говорот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и жалам што претседателката избрала да застане на страната на најкорумпираната и криминална влада во историјата на држава и во овој момент во Европа.

Се потврдува тоа што го зборевме, изминатите недели, месеци, се потврдува дека оваа влада, а денеска претседателката, даде поддршка, ја води Македонија кон изолација, дека Европската приказна за нас е завршена, нема да има никакви реформи и следи голема криза.

Жалам што претседателката не застана на страната на мнозинството граѓани кои сакаат оваа земја да ја видат интегрирана целосно во Европа. Жалам што не застана на патот на вистинските реформи, да ги подржи, да ги коментира, туку само некои квази реформи, некои делумно изменети закони кои што оваа влада ги претставува како вистинска реформа, а тоа не е тоа, затоа што, посебно законите во правосудството ќе овозможат само дополнителна партизација, поставување на свои партиски обвинители, партиски судии, еден процес кој што веќе го започна, се со цел да продолжат коруптивните пракси и крадењето на парите на граѓаните.

Сакам да ги известам сите граѓани дека сметам дека следи голема криза, поскапува цената на електричната енергија, со поскапувањето на струјата ќе поскапи се.
Гледаме дека нема договор за раст на платите, преговорите во рамките на Социјалниот совет помеѓу владата и синдикатите практично не дада никаков резултат. Нема да има поголеми плати во ниту еден сектор, ниту за работниците, ниту пак во образувањето, ниту здравството.

Нема да има никакво поместување во делот на социјалните трансфери, користењето на фондовите од страна на најзагрозените наши категории на граѓани.
Огромен проблем со буџетот, дупка од милијарда евра, кој што очигледно дека ќе се пополни со нови задолжувања кој што следат следната година. Очигледно, еден дел од нив поврзани за проектот Мигранти за пари, кој што слушнавме дека претседателката воопшто во ниту еден момент не демантираше дека ќе се случи.

Огромни проблеми во земјоделството со губењето на над 100 милиони евра од ИПАРД програмата поради коруптивните пракси. Европа го запира финансирањето на нашите земјоделци. Огромен број на семејство остануваат без дополнителна финансиска поддршка.

Сѐ на се, очигледно е дека претседателката дава поддршка, да оваа влада, ја носи земјата во изолација, да видиме црна точка во Европа, во која што според европските институции, тука владее Српскиот свет, а гледаме каков резултат дава тоа.

Енергетски кризи, изолација, целосно немање никакви структурни реформи, млади кои што секој ден ја напуштат земјата.