Соопштение за јавност
Антикорупцискиот тим на СДСМ денеска јавно постави прашања до институциите, по новите докази за целосна поврзаност на Алта банка со ВМРО-ДПМНЕ.
„Дали затоа молчи Јавното обвинителство и не презема ништо?“ праша Александар Саша Димитријевиќ, по презентирањето на директни докази за поврзаноста на Алта банка со ВМРО-ДПМНЕ, финансиерите и функционерите од оваа партија.
Во тој контекст, јавно го постави прашањето: „Дали Мицкоски има отворено сметка во Алта банка?“
Димитријевиќ потсети дека „во јавноста веќе се објавени информации за уплати во инвестициски фондови во Србија, поврзани со структури блиски до СНС“, поради што Антикорупцискиот тим бара одговори и за следните дилеми:
„Дали некој функционер, член или близок соработник на ВМРО-ДПМНЕ има инвестирано или уплаќано средства во овие фондови?“
Димитријевиќ повтори дека АКТ претходно веќе побара „истрага за сомнителното преземање на Стопанска банка АД Битола и темелна проверка на потеклото на парите“, но институциите, како што беше нагласено, „до денеска молчат“.
„Очекуваме одговори и одговорност. Работата не е завршена“, порача Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ.

