Филипче: Се потврди и поврзаноста со Вучиќ и СНС кој во ист ден најави избори

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција посочи дека дека предупредувањата што СДСМ ги изнесуваше во изминатиот период за поврзаноста меѓу ВМРО-ДПМНЕ и српската власт, се потврдуваат, за што доказ се синхронизираните политички потези на ВМРО-ДПМНЕ со СНС и Вучиќ.

„Сето она што СДСМ го говори во изминатиот еден месец, сега се случува пред очите на граѓаните. Се потврди и поврзаноста и со СНС и со Србија, исто така и тоа што го зборувавме. Како е можно во рок од само еден час по изјавата на Вучиќ во Србија, Мицкоски да ги споменува изборите? Што е тоа коинциденција или тоа што го зборуваме изминатите повеќе од месец дена“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ нема да седне на маса со криминалци кои ја узурпираат државата.

„Со криминалци кои се обидуваат да узурпираат се и да се спасат себеси, нема седнување на маса за техничката влада, има само одговорност“, рече Филипче.

На прес конференцијата, Филипче нагласи дека последните активности на Соединетите Американски Држави со носењето на Законот за Западен Балкан, најавите за црни листи, за санкции на политичари од целиот регион, јасно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е во паника и дека вистината излегува на виделина.