Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски, членка на ИО
Вицепремиерот во владата на Мицкоски, Иван Стоилковиќ, учествувал на прослава во Република Српска заедно со „Ноќните волци“ на Путин.
Сега Соединетите Американски Држави и Европа јасно гледаат со кого Мицкоски, Стоилковиќ и Максим се „стратешки партнери“: Ноќните волци на Путин.
Кои се другите „стратешки партнери“ на Мицкоски и Стоилковиќ, освен бизнис-партнерите од СНС?
Тука е Никола Селаковиќ, српски министер за култура обвинет за скандалот со Генералштабот. Скандал поради кој зетот на Трамп се повлече од проект токму поради сомнежи за корупција и криминал.
Тука е и Алта банка, со сомнителен капитал кој бил одбиен од Европската Унија но ВМРО експресно ја реализираше во Македонија.
Што е заедничко за сето овие луѓе: сомнителен капитал, криминал и корупција.
Кога Максим од тендер коалицијата на Мицкоски зборува за мафијашки филм на ова очигледно мисли.
Прашањето е дали вака ВМРО го покажува своето „стратешко партнерство“ со САД?
Дали и путиновите „Ноќни волци“ се „билатерално наметнати“, како што Мицкоски се обидува да ги оправдува сопствените политики за изолација на земјата?
И дали утре, ако САД реагираат на тоа што неговиот вицепремиер слави со „Ноќните волци“ на Путин и со луѓе обвинети за криминал и корупција, повторно ќе слушнеме дека станува збор за нешто „наметнато“?
Она што го говори СДСМ секојдневно се потврдува.
Паниката кај власта е толку голема откако САД носат специјален Закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата.
Одговорност ќе има.
Сите ќе одговарате.


