Соопштение за јавност
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека обидите за рушење на СДСМ одвнатре нема да застанат.
„Видовте што прават преку дел од медиумите, видовте обид да го рушат СДСМ одвнатре. Нема да застанат. Немаат одговори за мигрантите, за тендерите, имаат пари да купуваат луѓе. Секојпат исто, се креираат лажни вести за СДСМ да ги демантира. Да не попречат во објавувањето на нивниот криминал, да не попречат во работата која е во интерес на граѓаните. Никој да не зборува за скандалите на власта, сите да се занимаваме со непостоечка зграда во Дубаи, со измислена афера која служи како дефокус од главната тема: мигранти за пари“, рече Филипче.
Филипче, порача дека СДСМ продолжува во борбата против криминалот и корупцијата, против изолацијата на земјата.
„Власта ќе ја вратиме во рацете на народот за политиката да се врати на интересот на граѓаните и квалитетот на нивниот живот. Не ни треба еден лидер, нас ни треба систем, ни треба Европа!“, истакна Филипче.

