Соопштение за јавност
Секогаш кога ќе прочитате текст од кујните на ВМРО, вие, почитувани граѓани треба да знаете дека се случува уште една пљачка зад вашиот грб, прават дефокус за вие тоа да не го видите, порача претседателот на Социјалдеморатскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Филипче предупреди дека ВМРО-ДПМНЕ има јасен и однапред подготвен план, но дека истиот е веќе разоткриен.
„Планот е едноставен – изолација, избори, па мигранти за пари. Но, разоткриени се и ова нема да помине. Секој нивни чекор го знаеме однапред. Затоа, почитувани граѓани на Македонија, да знаете – секогаш кога ќе излезе некоја измислена, фабрикувана афера, тоа е дефокус“, рече Филипче.
Притоа, Филипче нагласи дека СДСМ ќе продолжи со борбата против криминалот и корупцијата и ќе се спротивстави на изолацијата на државата.
„Секојпат исто, се креираат лажни вести за СДСМ да ги демантира. Да не попречат во објавувањето на нивниот криминал, да не попречат во работата која е во интерес на граѓаните. СДСМ ќе продолжи со борбата против криминалот и корупцијата, против изолацијата на земјата. Власта ќе ја вратиме во рацете на народот за политиката да се врати на интересот на граѓаните и квалитетот на нивниот живот“, порача Филипче.
На прес-конференцијата, Филпче потенцираше дека на државата и е потребен функционален систем и европска перспектива.
„Додека течат криминални тендери зад грбот на народот му се сервираат измислени афери, црни кампањи, јавен линч врз опозицијата. Не ни треба еден лидер, нас ни треба систем, ни треба Европа“, изјави Филипче.

