Филипче: За рудник во Крива Паланка да се слушне гласот на граѓаните, здравјето мора да биде на приоритет

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање истакна дека одлуките за евентуален рудник во Крива Паланка не смеат да се носат без да се слушне гласот на граѓаните и без целосна заштита на здравјето.

„Добро е што се слушаат со премиерот, ако е тоа во интерес на граѓаните. Ама се поставува прашањето, а посебно сега и во контекст на овие предлог закони коишто се денес во Собрание, а имајќи ги предвид и огромниот број јавувања и реакции на граѓани од Паланка и регионот, и на граѓански организации коишто работат таму, коишто се сериозно загрижени, за своето здравје и за здравјето на децата коишто таму живеат. Очигледно е дека тие не се прашани. И кога зборува за бизнис интерес, за интерес на државата, ние видовме на ВМРО каков е интересот – од нив ни е бизнис интересот, не е тоа за државата, бизнис интерес“, потенцираше Филипче.

Претседателот Филипче потенцираше дека на прво место мора да биде здравјето и интересот на граѓаните.

„На прво место е интересот и гласот на граѓаните. Тие и нивниот глас треба да биде приоритет“, истакна претседателот на СДСМ.

Филипче порача дека СДСМ ќе застане зад граѓаните без разлика на политичката припадност на локалната власт.

„Ние на овој начин ќе реагираме за таква иницијатива во било кој град, без разлика дали градоначалникот е од СДСМ или од ВМРО или од некоја друга партија. Даваме поддршка на барањата на граѓаните“, рече претседателот Филипче во одговор на новинарско прашање.