ВМРО-ОКГ и СНС заедно водат Гебелсовa фабрика за лаги и дезинформации

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференицја на СДММ, Стефанија Кузмановска, потпретседателка

СДСМ денеска ја разоткрива целосната слика на координираната машина за манипулација која ја користат Мицкоски и неговата криминална група ВМРO.

Покрај Орбановата медиумска мрежа која контролира 40 % од медиумскиот простор во Македонија, ВМРО-ОКГ активно ја користи и трол-фармата и бот-мрежата на својата сестринска партија СНС и Вучиќ.

Како што откриваат истражувањата на BIRN и DW, ова е класична, професионално организирана операција во која се користат стотици платени тролови кои работат по смени, со точно утврдени задачи: да шират лажни вести, да креираат вештачки афери, да напаѓаат опозиција, новинари и секој што се спротивставува на власта.

Оваа „Castle“ операција (како што ја нарекува BIRN) е финансирана од државни пари, односно од граѓаните а целта е систематско труење на јавното мислење.

Илјада пати повторена лага на крајот почнува да се доживува како вистина – класичен Гебелсов метод кој се применува и во Македонија и во Србија.

Орбановите медиуми, трол-фармите на СНС и Вучиќ и платформите на ВМРО-ОКГ заедно креираат лажна слика во јавноста, фабрикуваат афери и шират дезинформации против секој што се спротивставува на нивната криминална организација.

Освен ова, ангажирале и фирмата Black Cube (приватен Мосад) која дошла по линија на Орбан, а финансирана е од страна на еден голем ВМРО тајкун.

Нивната задача е да следат и да снимаат, да креираат лажни афери.

Покрај ова, земен е израелскиот софтвер Pegasus со кој можат да се прислушуваат сите граѓани на Македонија.

Овој систем го потврди и министерот за внатрешни работи Панчо Тошевски.

Pegasus веќе некој време се користи во Србија за прислушување на студенти и опозиција, а во Македонија стигнал преку Вучиќ.

Вучиќ како и ВМРО години наназад користат израелски експерти.

Мицкоски, Вучиќ и Орбан (до скоро) – тројцата „браќа“ ја користат истата стратегија: контрола на медиуми, тролови, лажни вести и систематско труење на јавното мислење за да ја заштитат својата власт и криминал.

Во Унгарија веќе започнаа истражни дејствија на полицијата против Орбановата медиумска империја.

Овие денови токму таа мрежа се обиде да откупи уште два преостанати слободни медиуми во Србија, но идниот унгарски премиер ги запре, им ги блокираше сметките и нареди детална истрага.

Петер Маѓар денеска ја презема функцијата премиер и најави ослободување на медиумите, како и на обвинителството кое беше под контрола на Орбан.

Алфа ТВ која години наназад служи за пропаганда на криминална група ВМРО и Христијан Мицкоски, припаѓа на еден од тие системи.

СДСМ поднесе кривични пријави против уредниците, директорите и сопствениците.

На овие медиумски манипулации мора да се стави крај. Граѓаните заслужуваат вистина.

СДСМ јасно порачува: Нема да дозволиме да нè вратат во времето кога лагата станува „вистина“, а вистината се прогласува за „лага“.

Граѓаните се будат. Вистината излегува на виделина.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!