Филипче: Реформи, правда и Европа, сите ќе одговараат јас ви ветувам

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека власт ја турка државата во изолација и го блокира европскиот пат, нагласувајќи дека реформите и европската иднина се единствениот излез за земјата.

„Од Македонија прават слепо црево на Балканот и не изолираат секојдневно. Реформите се проблем за нив, затоа што реформите значат продолжување на интеграциите во Европската Унија. Реформите значат демократско и праведно општество. Реформите значат независно судство, европско јавно обвинителство и одговорност. Некој мора да одговара за кражбата. А тие тоа не го сакаат“, потенцираше Филипче.

Филипче нагласи дека граѓаните заслужуваат правда и европска иднина и дека одговорноста за состојбите мора да биде утврдена.

„И јас ви ветувам, поради се ова, тие ќе одговараат. Реформи, правда и Европа. Нема враќање назад. Сакаме во Европа. Сакаме успешна и богата Македонија, а неевропска Венецуела. Сакаме светла иднина за нашите деца. Сакаме достоинствена Македонија и тоа да биде за сите граѓани на земјава“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.