Филипче: Нема поголем патриотизам од признавање и потврдување на македонскиот идентитет и јазик во рамки на ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема поголем патриотизам од признавање и потврдување на македонскиот идентитет и јазик во рамки на Европската Унија, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека граѓаните веќе јасно гледаат како власта ја загрозува иднината на државата, а најголеми предавници на идинината се Мицкоски и неговата криминална организација.

„Граѓаните сега јасно гледаат. Најголеми предавници на идинината се Христијан Мицкоски и неговата криминална организација. Затоа што нема поголем патриотизам од признавање и потврдување на македонскиот идентитет и јазик во рамки на Европската Унија“, рече Филипче.

Тој додаде дека Владата на ВМРО преку спинови и лажни конфликти се обидува да ја сокрие вистината за европскиот пат на државата, а блокадата што ја прават на евроинтеграцискиот процес е за да ја заштитат својата криминална група.

„Создаваат вештачки конфликт за да се сокрие вистината. Колку уште лаги се потребни? Колку уште спинувања се потребни?Колку уште блокирања на европскиот пат за да заштитат својата криминална група и да продолжат со грабежот на државата?“, рече Филипче.

Воедно, Филипче нагласи дека вистината веќе излегува на виделина, додека власта упорно манипулира и во однос на прашањето за малцинствата и евроинтеграциите.

„Нема повеќе лаги и вистината излегува на виделина. Како што лажат за сето тоа, лажат и за малцинствата. Малцинствата кои се европско прашање не го загрозуваат, туку го јакнат македонскиот идентитет, а внесувањето на малцинствата во Уставот е основен предуслов да се поместиме од оваа мртва точка. И без тоа нема продолжување на преговорите со Европската Унија. И тоа мора да биде јасно на сите граѓани. Правдата ќе победи. Реформи, правда и Европа. Тоа е вистинскиот пат напред за државата и за граѓаните“, порача Филипче.