Филипче: Бугарија потврди дека уставните измени се европско, а не билатерално прашање

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека Бугарија јасно потврди дека уставните измени се европско, а не билатерално прашање. Филипче ја цитираше пораката која доаѓа од официјална Софија преку .

„Ја цитирам – „Бугарија има јасно изразен став кој од 2022 година повеќе не е билатерално прашање, туку прашање меѓу Европската Унија и земја кандидат. Што значи ова? Бугарија потврдува дека прашањето за малцинствата во Уставот не е бугарско, туку е европско прашање и тоа е услов на Европската Унија, а не на Бугарија. Европско, а не билатерално прашање“, потенцираше Филипче.

Филипче се осврна и на пораките од претставниците на Европската Унија, кои дополнително ја потврдуваат потребата од реформи и продолжување на европскиот пат.

„Високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Каја Калас, вчера исто така упати порака дека Брисел е подготвен да ги поддржи земјите од регионот, но дека истовремено се очекуваат и реформи. Истото го порача и еврокомесарката Марта Кос, дека има место во Европската Унија за сите земји од Западен Балкан, но дека успехот зависи од спроведените реформи на земјите кандидати. И сите овие пораки во еден ден и ова е точно тоа што ние го говориме изминативе повеќе од година дена, а Мицкоски и Муцунски продолжуваат да ги лажат македонските граѓани. Исто како што Историската комисија работи далеку од очите на јавноста, цела година наназад. Прво ја кријат средбата, после тоа ја минимизираат. Потоа создаваат вештачки конфликт за да се сокрие вистината. Колку уште лаги се потребни? Колку уште спинувања се потребни? Колку уште блокирање на европскиот пат за да заштитат својата криминална група и да продолжат со грабежот на државата? Уште колку лажни вести пласирани од страна на ВМРО, Орбановите медиуми, фармите на тролови и на ботови? “ рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, потенцираше дека европската интеграција значи заштитата и афирмацијата на македонскиот идентитет.

„Нема поголем патриотизам од признавање и потврдување на македонскиот идентитет и јазик во рамки на Европската Унија. Малцинствата кои се европско прашање не го загрозуваат, туку го јакнат македонскиот идентитет, а внесувањето на малцинствата во Уставот е основен предуслов да се поместиме од оваа мртва точка“, истакна Филипче.