(Видео) Цените растат –граѓаните плаќаат, Мицкоски повторно доцни со половични мерки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

Секој ден е нов ценовен шок за граѓаните. Горивата повторно поскапуваат, што значи и ново поскапување на цените на храната, превозот и на останатите производи.

Ова е нов удар врз семејните буџети откако цените веќе се до плафон.

Со недели Мицкоски не носи мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Сега најавува само намалување на акцизата. Повторно половична и задоцнета мерка, која нема да го намали ценовниот притисок врз граѓаните.

Мицкоски не донесе ниту една мерка за работниците, за социјално ранливите граѓаните – во сред криза ги остави да преживуваат и да го бројат секој денар за живот.

Секоја негова мерка доаѓа предоцна, секоја мерка е неефикасна и наместо да ги намали цените, го слабее буџетот и им носи дополнителни приходи на одредени компании.

Мицкоски делува повеќе како застапник на приватните интереси отколку како премиер кој треба да ги штити граѓаните.

Прво ги игнорира проблемите, преставува лажна слика дека нема проблем. Па кога цените ќе експлодираат, излегува со половични и задоцнети мерки кои немаат никаков ефект.

Власта ги одби сите предложени мерки на СДСМ за да се запре поскапувањето на сите животни намирници и да се помогне на ранливите и загрозените категории на населението.

Штета е веќе направена. Цените на горивата и храната се вивнати и нема да се вратат назад.

Скапо ги чини граѓаните оваа политика на Мицкоски со која го урниса животнитот стандард.

Наместо Мицкоски да ја турка државата во економска и социјална бездна веднаш да преземе мерки.

Уморни се граѓаните од најави и чекања, живеат полошо и поскапо отколку пред две години – им требаат конкретни мерки кои ќе ги заштитат нивните плати, стандард и семеен буџет.

Линк до видео: