Според податоците на ССМ, потрошувачката кошничка за јули 2026 година изнесува 68.500 денари. Само за храна и пијалаци четиричлено семејство троши над 25.000 денари месечно.
Ако се додаде и кирија за стан од 60 квадратни метри, потребните средства се искачуваат на 83.873 денари.
Ова е реалната слика на економијата под ВМРО-ОКГ.
Минималната плата и понатаму е далеку под 600 евра, а просечната плата не го следи растот на трошоците.
Граѓаните едвај врзуваат крај со крај, додека Мицкоски и неговата неспособна ВМРО-ОКГ продолжуваат да ја туркаат државата во економски колапс.
Инвестициите се намалени за над 60 отсто.
Земјоделците немаат пари за основни репроматеријали – нафтата и ѓубривото драматично поскапеа, а Владата не донесе ниту една сериозна мерка за поддршка.
Сите основни животни намирници поскапуваат, а по денешното поскапување на горивото може да се очекуваат нови ценовни удари.
Летото е во тек, но наесен доаѓаат нови трошоци – почеток на училишната година за децата, а потоа и зимата со поскапување на струјата и огревот.
Граѓаните се соочуваат со тешка есен и зима, без никаква вистинска помош од државата.
Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја доведоа Македонија до економски колапс.
Наместо да ги штитат граѓаните, тие ги оставија сами да се борат со поскапувањата, ниските плати и празниот буџет.
Ова не е економска политика – ова е систематско уништување на стандардот на граѓаните.
