Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче
Денеска сме во посета на тиквешкиот регион, имаме средби со земјоделците, со лозарите кои што сега се наоѓаат среде процес на берба на грозјето и грозјето го спремаат да го продадат.
За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот Христијан Мицкоски и целата влада, од министерот за земјоделство кон лозарите, поради тоа што нудат понижувачки откупни цени на грозјето.
Трошоците за производство се многукратно зголемени. Колкава е само цената на горивото. Понатаму трошоците се зголемени и за работната рака 2.000 денари им бараат луѓето коишто го берат грозјето. Зголемена е цената на водата и секако енормно зголемена е цената и на ѓубривата со кои што се ѓубри земјиштето.
Затоа бараме итно да се зголемат откупните цени и во таа насока ќе дадеме предлог Закон во Собранието со кој закон откупната цена на сите сорти на винско и трпезно грозје ќе се зголеми за 5 денари по килограм.
Понатаму да се укине попустот од 8% кој што винарите го нудат како предуслов да ја платат веднаш целата количина на грозје која што ќе ја откупат. Трето да се донесе интервентна мерка затоа што има најави дека не целото црно грозје ќе биде откупено целото. Црното грозје коешто ќе им остане на лозарите да биде откупено од страна на државата. И ова е најмалку што заслужуваат нашите лозари ова е најмалку што заслужуваат овие луѓе кои што од сабајле до вечер на ова јако сонце работат да ги прехранат своите семејства луѓето кои што ги извадиле последните заштедени пари во текот на минатата година да купат ѓубриво, да ги платат работниците, да платат гориво, да платат вода, со цел оваа година да има соодветен род.
Ова е најмалку што оваа ненародна предавничка власт на Христијан Мицкоски може да направи за овие луѓе.
Линк до видео:






