Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди дека изградбата на дата-центрите може сериозно да ги загрози водните ресурси во земјата, а со тоа директно да ги погоди полињата и земјоделците кои зависат од сигурно водоснабдување.
„Дали тоа значи дека огромната количина на вода којашто ќе ја користат дата-центрите коишто организираната криминална група на ВМРО сака да ги прави кај нас, ќе ги остави нашите полиња и земјоделците без водоснабдување? Дали тоа значи дека ова целосно запоставување на земјоделскиот сектор дополнително ќе претрпи удар поради тоа што водата ќе биде пренасочена за ладење на таканаречените дата-центри“, потенцираше Филипче.
Филипче посочи дека земјоделците и досега се соочуваат со сериозни проблеми и тешко ја обезбедуваат својата егзистенција, а дополнителното загрозување на водоснабдувањето би било нов удар врз нив.
„Дали земјоделците со покрај овој удар којшто го сега доживуваат, и некако преживуваат, многу тешко од страна на оваа власт со неисплаќање на субвенција и со ниски откупни цени во еднина, ќе се соочат и со тоа да е компрометирано целосно водоснабдувањето. Понатаму, што ќе се случи со топлата вода, каде ќе се врати назад и како таа ќе се ефектуира на биодиверзитетот во реките? Дали тоа значи дека ќе се уништи живиот свет? Поради тоа што значително се загрева водата којашто овие дата-центри ја користат“, потенцираше Филипче.
Линк до видео:
